Гери Невил во десеттиот обид се израдува на првата победа во Примера дивизион како тренер на Валенсија, откако „лилјаците“ вечерва го совладаа тимот на Еспањол со 2-1. Притисокот врз англискиот стратег во пресрет на овој меч беше огромен, но фудбалерите успеаја да најдат начин да слават и барем за момент да излезат од големата криза.
Валенсија повторно се најде во негатива откако на стартот од второто полувреме Дуарте се снајде најдобро по еден корнер од левата страна и ја затресе мрежата на домаќините. Свирежите од трибините повторно станаа актуелни, но Невил повлече вистински потег уфрлајќи го во игра Негредо на местото на Родриго. Токму екс-голгетерот на Севилја и на Манчестер сити го постигна израмнувачкиот гол за „лилјаците“, пред Черишев да го комплетира пресвртот, за прва победа на Валенсија во Примера дивизион уште од триумфот во Виго над Селта на 7 ноември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)