Нови снимки од Русија повторно ја шокираат јавноста – деца облечени само во долна облека истрчуваат на снегот и се поливаат со ледена вода. Приказната станува уште пострашна кога ќе дознаете дека станува збор за Сибир, а децата се во градинка и имаат од 3 до 6 години. Во прашање е „секојдневен ритуал“ кои како што тврдат руските лекари, ќе ги зацврснат и поволно ќе влијаат на нивното здравје.

Децата се под постојана лекарска контрола, а за ваквото туширање е неопходно и одобрение од родителите.
Колку и да ни изгледа страшно, децата на снимката се воодушевени и уживаат поливањето, наспроти големиот студ.
Пред да истрчаат на снег, децата прво ги „загреваат“ во сауна.
Снимката е направена во текот на неделата кога „не било многу ладно“– температурите се движеле од минус 18 до минус 6!
Ниту едно дете не е присилено да се полива на снегот, но сепак има деца кои иако не одат во градинка, доаѓаат од дома за да им се придружат. И во другите сибирски градинки почнуваат да го применуваат истиот систем на челичење на децата, а директорката на една од нив вели дека претходно епидемиите на грип биле многу почести кај децата, додека сега, откако се применува овој метод, воопшто нема грипозни деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


