Џанлуиџи Буфон е избран за најдобар фудбалски голман на сите времиња, во изборот што го организираше реномираниот француски магазин „Франс футбол“.
Читателите на овој реномиран медиум во Франција имаа можност да глаасаат во изборот, чуварот на мрежата на Јувентус и италијанската репрезентација, кој се уште брани на највисоко ниво, освои дури 44% од вкупните гласови, а интересно е дека на второто место се најде „домашниот миленик“ Фабијан Бартез, голманот кој со „триколорите“ стана светски и европски првак, со 17% од гласовите.
ад Бартез се најдоа Лав Јашин и Оливер Кан со по 7% од гласовите, пред Касилјас и Нојер со по 6% од вкупните гласови на читателите на „Франс фудбол“.
Покрај овие голмани во изборот учествуваа уште и Ван дер Сар, Шмајхел, Ѕоф, Чех, Мајер, Бенкс, Шилтон и Замора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.