| четврток, 6 декември 2018 |

Колкава е идеалната разлика во годините меѓу брачните партнери?

Едно истражување кое неодамна било спроведено во САД открива колкава треба да биде разликата во годините за бракот да трае повеќе. Краткиот заклучок би бил – колку е разликата поголема, толку бракот ќе биде пократок.

Во истражувањето учествувале три илјади лица, а студијата покажала дека разликата во годините влијае на стабилност на врската.

Така, петгодишната разлика во годините меѓу партнерите значи дека имате 18 отсто поголеми шанси да се разведете од парот во кој мажот и жената имаат ист број години. Ако разликата е 10 години, тогаш шансите за развод се 39 отсто, а во случајот разлика од 20 години, шансите се зголемуваат на 95 отсто.

Американскиот психотерапевт Фран Валиш тврди дека сексуалниот нагон се зголемува кај жените во средните години, а опаѓа кај мажите во таа возраст. Ако „издржите“ заедно две години, имаште 43 осто шанси помалку за развод.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top