| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската туристичка понуда предизвик за туристите од Бугарија

turisticka-ponuda-mkАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) е дел од 33-тото издание на меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичкатапонуда во Софија, Бугарија -HOLIDAY&SPA EXPO 2016.

За време на саемот во Софија остварена е средба со министерот за туризам на Египет, Аделел Масри со цел запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји. Познатите тур-оператори Оранџ Травел (Orange Travel) и Лидија Турс (Lidija Tours) сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за азискиот пазар со што од наредниот месец веќе започнуваат со кружни тури низ балканот, во кои дел е и Македонија.

turisticka-ponuda-mk1Министерката за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова ја истакна успешната соработка со Агенцијата и значењето за развивање на туристичката индустрија во двете земји, кои воедно имаат успешна соработка во изминатите години.

На овој саем остварени се средби со повеќе туроператори и туристички комори од Бугарија кои најавија зголемување на бројот на аранжманите, а со тоа и бројот на туристите за 2016-та година во Македонија.

Бугарскиот туристички пазар е еден од назначајните пазари за Македонија според бројот на туристи и бројот на ноќевања кои ја посетуваат земјава и е во константен раст. Очекувањата на приватниот сектор од Бугарија за 2016 се оптимистички судејќи според интересот на тур-операторите во првите 2 месеци од оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top