| четврток, 6 декември 2018 |

Oбвинителството за организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за седумтемина осомничени за настаните од Диво Насеље

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истражната постапка за седумте македонски државјани кои се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б во врска со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље.

Macedonian police engaged in action against alleged armed group, reports say

До одбраната е доставено известување за законскиот рок во кој одбраната може да изврши увид во доказите.

– Како што информиравме на 15 октомври минатата година, врз основа на прибавените докази и преземените дејствија од истрагата, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истражна постапка за уште седум македонски државјани на кои им беше одредена мерка – притвор – соопштуваат од Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top