Во насока на продлабочување на соработката и на придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник за работа во Командата на ЕУФОР.
Припадниците на АРМ се испраќаат за период од шест месеци од мај 2013 година, кога е првата годишна ротација, и од ноември 2013 година, кога е втората годишна ротација и правен советник, кој се испраќа од јуни односно декември оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.