| четврток, 6 декември 2018 |

Фабио Канаваро доби отказ од Ал Наср

fabio kanavaro

 

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Италија и најдобар играч во светот Фабио Канаваро доби отказ на клупата на Ал Наср.

Екипата од Саудиска Арабија му даде 22 натпревари на Канаваро да се обиде да ја одбрани титулата во лигата, но италијанскиот стратег отказ доби по само 12 натпревар. Чашат беше прелиена по поразот од последнопласираната екипа во лигата, Најран. Ал Наср загуби со 4-3, по што екипата на Канаваро сега е на 6. место на табелата со дури 18 бода заостанување зад моменталниот лидер Ал Хилал.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид на оваа позиција дојде во октомври минатата година, кога на клупата го замени Жорге Да Силва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top