По три едноподруго натпревар без триумф, Лацио конечно стигна до победа во Серија А, во првиот натпревар од 25. коло славејќи против последнопласираниот тим во шампионатот, Верона со 5-2 (1-0).
Матри во 45. минута донесе водство за „лацијалите“, а Маури и Андерсон во 50. и во 69. минута, веќе донесоа предност и од 3-0 за тимот од Рим.
Неизвесност на мечот внесоа двата погодоци на Верона, во 72. и во 79. минута преку Греко и Лука Тони, но сите дилеми ги расчисти Кеита со голот за водство од 4-2 во 82. минута. Кандрева од пенал во 90. минута само ги постави конечните 5-2.
По оваа победа, Лацио сега има 36 бода пробивајќи се на седмата позиција на табелата. Верона, пак, остана со 15 бода на последната позиција на табелата, со четири бода помалку од претпоследниот Фросиноне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)