Повредените патници во бугарскиот автобус, кој на 2 овој месец имаше сообраќајна несреќа меѓу Ранковце и Крива Паланка го демантираат возачот, кој тврдеше дека причина за несреќата бил камион што навлегол во спротивната лента.
Стефан Стефанов, еден од наставниците што се превезуваа во автобусот, за бугарската телевизија „Нова“ изјавил дека немало камион и дека возачот возел со повеќе од 70 километри на час.
– Камион немаше. Ако имаше, би требало да ги видам светилките – рекол Стефанов, кој бил буден во моментот на несреќата.
Според него, брзината со која возел возачот не одговарала на условите на патот бидејќи имало дупки на коловозот.
Неговото тврдење го поддржува и Дијана Станчева, која, исто така, била во превртениот автобус. – Седев на третото седиште и не видов камион – изјавила Станчева.
Пред една недела, возачот на автобусот Љубомир Лазаров од дупничкото село Слатино тврдеше дека причина за несреќата бил камион што навлегол во спротивна лента.
– Тоа е тесен пат. Забележав камион како доаѓа директно во мојата страна. Имав чувство дека се разминувам со него на растојание од една педа. Инстинктивно свртев десно. Во тој момент задната страна на автобусот пропадна во ендек. Се обидов повторно да го вратам на лентата, но автобусот тргна надолу – раскажува Лазаров.
Од фирмата на превозникот тврдеа дека возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија. Автобусот бил произведен во 1998 година.
Во несреќата од вкупно 43 патници беа повредени 26, а од нив пет потешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона