| четврток, 6 декември 2018 |

Почна да се снима римејк на „Валтер го брани Сараево“

Во главниот град на Босна и Херцеговина денеска почна снимањето на римејкот на култниот филм „Валтер го брани Сараево“ на режисерор Хајрудин Крвавац.

Носител на правата е хрватскиот „Јадран филм“, кој беше и иницијатор за снимање на римејкот. Покрај продуцентската куќа од Загреб, во филмот учестуваат соработници од Кина, Австралија, Германија и од поранешни републики на СФРЈ.

160211055.5_mn

Филмот ќе биде монтиран во две верзии, а од тоа што нема да биде искористено за филмот ќе се прави телевизиска играна серија.

Идејата за филмот потекнува уште од 2006 година, а потоа беше и претставен на Филмскиот фестивал во Сараево. По десет години, денеска падна првата клапа во Музејот во Сараево.

160211055.6_mn

Филмот ќе се снима на локации во главниот град на БиХ и во студиото на „Јадран филм“ во Загреб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top