Во главниот град на Босна и Херцеговина денеска почна снимањето на римејкот на култниот филм „Валтер го брани Сараево“ на режисерор Хајрудин Крвавац.
Носител на правата е хрватскиот „Јадран филм“, кој беше и иницијатор за снимање на римејкот. Покрај продуцентската куќа од Загреб, во филмот учестуваат соработници од Кина, Австралија, Германија и од поранешни републики на СФРЈ.
Филмот ќе биде монтиран во две верзии, а од тоа што нема да биде искористено за филмот ќе се прави телевизиска играна серија.
Идејата за филмот потекнува уште од 2006 година, а потоа беше и претставен на Филмскиот фестивал во Сараево. По десет години, денеска падна првата клапа во Музејот во Сараево.
Филмот ќе се снима на локации во главниот град на БиХ и во студиото на „Јадран филм“ во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура