| четврток, 6 декември 2018 |

Според ЕСПН, Џордан е најдобар кошаркар во историјата, пред Абдул-Џабар и Леброн Џејмс

jordan

Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар во историјата на оваа игра, според листата на најдобрите 100 која ја објави ЕСПН а согласно изборот на нивните кошаркарски стручњаци.

Зад Џордан во тој избор е легендарниот центар и најдобар стрелец во историјата на НБА, Карем Абдул-Џабар, а на третото место е актуелниот играч на Кливленд, Леброн Џејмс.

Понатаму на листата во ТОП 10 изборот следат Меџик Џонсон, Вил Чемберлен, Лари Бирд, Бил Расел, па Тим Данкан, Шекил О’Нил и Хаким Олајџувон.

Коби Брајант, за кого ова е последната сезона во НБА лигата, е на 12. место, а зад него се Џери Вест, Џулиус Ирвинг, Мосес Малоун, Карл Малоун, актуелниот играч на Далас, Дирк Новицки, потоа следат Чарлс Баркли, Џон Стоктон и Дејвид Робинсон на 20. место со кого се заокружуваат најдобрите 20.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top