| четврток, 6 декември 2018 |

Десет меча без победа, Валенсија не може ниту против „децата“ на Барселона (видео)

barcelona 2

Барселона е првиот финалист во Копа дел реј откако каталонскиот гигант и со својот втор тим остана непоразен на „Месталја“ ремизирајќи 1-1 против Валенсија. Огромната предност од 7-0 од првиот натпревар му овозможи на Луис Енрике да ги одмори речиси сите стандардни првотимци со исклучок на Ракитиќ, па им даде шанса на голем број фудбалери од младинскиот погон.

Валенсија предводена од Гери Невил не успеа да слави ниту над ваквиот состав на европскиот првак, иако долго време имаше предност со голот на Негредо. Енрике во финишот дури и ги повлече од игра поискусните Ракитиќ и Адријано, но сепак стигна до израмнување благодарение на голот на младиот Каптум.

Каталонците во финалето најверојатно ќе се сретнат со Севилја, која има предност од 4-0 по првиот натпревар против Селта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top