| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешна мис речиси го скрши вратот среде емисија (видео)

Поранешната мис на универзум на Франција е водителка на забавана програма во својата земја, а минатата недела пречека професионална танчарка.

Откако професионалната танчарка околу метална прачка во емисијата ја покажа својата вештина, поранешната мисица и водителката на шоуто, Лори Тилеман, се пофали дека и таа има искуство со таквиот танц.

Храбро пријде до металната прачка и почна да се качува по неа. Во тој момент изгледаше како да знае што прави, но тогаш реши да ги рашири нозете додека беше свртена наопаку. Рацете и попуштија и таа со целата тежина  падна на вратот и на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top