Легендарната претстава „Буре барут“ на Дејан Дуковски ќе биде премиерно изведена во Драмски театар на 21 април кога се одбележуваат 70 години од првата премира во Драмски театар.
Како што информираат од Драмски театар утре, 11 февруари е првиот ден од 70 дневното одбројување на големиот јубилеј – 70 години од првата премиера на НУ Драмски театар.
Денеска била одржана и првата проба на претставата „Буре Барут” од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, а премиерата ќе биде на 21 април 2016-та година, на денот кога Драмски Театар ќе наполни 70 години.
– Во наредните 70 дена Драмскиот театар ќе ви понуди многу содржини кои ќе го збогатат овој за нас историски настан – велат од Драмски.
„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија.
Според сценариото на „Буре барут“ е снимен и игран филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.