Повредата што Марк Гасол ја заработи во текот на минатата седмица е од сериозен карактер, па шпанскиот центар најверојатно ќе отсуствува од кошаркарски терени до крајот на оваа сезона во НБА-лигата. Точниот момент на повредата, заработена на дуелот со Портланд, не е познат, но Гасол се пожалил на болка во ногата, по што веднаш врз него биле извршени детални лекарски прегледи.
За жал, резултатите не биле добри за Шпанецот и за неговиот тим, откако било утврдено дека станува збор за скршеница на коска во стопалото.
– Марк Гасол е ставен на листата на повредени играчи, и тоа на неодредено време. Прерано е да се каже кога тој би можел повторно да игра кошарка, но големи шансите оваа сезона да е завршена за него – јавуваат американските медиуми.
Ова е сериозен удар за тимот на Мемфис, кој се опорави по слабиот старт на сезоната и моментно се наоѓа на петтото место во западната конференција, со скор од 30 победи и 22 порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.