Том и Џери, едни од многубројните јунаци на нашето детство, на малите екрани се појавиле на 10 февруари 1940 година.
Оттогаш поминаа 76 години, а Том и понатаму пробува да го фати Џери, но како изгледал нивниот “прв заеднички проект” погледнете во епизодата “Puss gets the boot”.
Првиот анимиран филм на Вилијам Хана и Џозеф Барбера беше номиниран за Оскар за краток анимиран филм. Тогаш не го освои Оскарот, но со сигурност ги освои нашите срца.
Хана и Барбера напишале и продуцирале 114 цртани со Том и Џери во “MGM” студиото во Холивуд меѓу 1940 и 1957 година.
Во првиот цртан филм ги гледавте Џаспер и Џинкс, кои дури подоцна ги добиле имињата Том и Џери.
Бидејќи јунаците не зборуваат (или го прават тоа многу ретко), музиката игра голема улога во овој цртан – од мелодијата до звучните ефекти. Ичи и Скречи од “Симпсонови” се всушност пародија на Том и Џери.
Цртанот од 1943 до 1953 година освои седум Оскари за епизодите
“The Yankee Doodle Mouse”, “Mouse trouble”, “Quiet Please”, “The cat concerto”, “The little orphan”, “The two mouseketeers” и “Johan Mouse”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)