| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите изјави на Минимкас: легендарниот ексју водител кој ја измисли Лепа Брена (видео)

Легендарниот водител Милован Милиќ Минимакс не напушти пред точно 11 години и остави празно место во регионалниот шоубизнис.

milovan-ilic-minimaks-foto-dragan-kadic-damir-dervisagic-yt-vendi-rambo-ama-1455101187-841913

Легендарниот новинар Милован Илиќ Минимакс беше еден од најпознатите ТВ и радио новинари во поранешна Југославија, а убедливо беше најпознат како водителот на радио емисијата „Минимакс“ .

Оваа програма се емитуваше на Радио Белград во седумдесеттите години на минатиот век предпладне од 08 до 12 часот.

„Минимкас“ беше една од првите емисии во кои имаше доста забавна музика, а неговата крилатица од најавата за емисијата беше „минимум говор максимум музика“.

minimaks

Беше еден од неконвенционалните водители кој покрај класичните најави вметнуваше  вицеви, џинглови и афоризми.

Со емисијата „Утре е петок“ и „Точно на пладне“, попозната како „Туп – туп“, која ја водеше 22 години постигнал голем успех. Напишал неколку книги со афоризми, сними неколку албуми со неговите „ситни размислувања“, како и голем број на колумни во разни магазини.

Минимакс е заслужен за промоција на бројни пејачи.

lepa-brena-minimaks-foto-marina-lopicic-i-arhiva-kurira-1423466090-615221

-На почетокот на кариерата на мојот прекар го додаде она Лепа и тоа трајно го одбележа мојот естраден пати препознатливоста – изјавила Лепа Брена.

Минимкас кумуваше и на естрадното име на Радојка Рада Аџиќ, денес позна како Дара Бубамара. Тој интересниот прекар го смислил во еден ресторан. На неговата листа се и Јами, Венди…

minimaks djordje balasevic yugopapir

Творецот на југословенскиот шоубизнис заслужен е за тоа што Ѓорѓе Балашевиќ не остана само збуенто момче од Нови Сад кој пее „Во радељак те љубим“, туку денес е еден од најпознатите кантавтори на Балканот, а неговиот талент и единствениот стил Минимакс искусно го препознал и се потруди да го промовира во своите емисии.

hqdefault

И Рамбо Амадеус  може да му се заблагодари токму на Минимакс бидејќи токму неговиот единствен стил  никој не сакал да го емитува освен Минимакс. Во тоа време беше еден неразбран уметник се додека не се појави во емисијата „Тип туп“ која ја водеше Минимакс.

Minimaks-01

Еве некои легендарни изјави:

  1. Да е жив Достојевски би се определил за мал бизнис: би отворил фабрика на идиоти.
  2. Волку неуспеси, па тоа на никого досега не му успеало!
  3. На почетокот беше Тито, а на крајот Титаник.
  4. Србите сакаат да живеат во една држава. Шведска, на пример.
  5. Да ја немаше Југославија, Чарли Чаплин ќе беше најсмешен во 20 век.
  6. Под Турците 500 и под комунистите 50 години. Што беше потешко?
  7. Гледам што се прави околу мене. Ништо не се прави.
  8. Мила Европа, не можеш ти толку да се обединиш колку што можеме ние да се разединиме.
  9. Вистински луѓе на вистински места. Но, каде ќе најдеме толку затвори?!
  10. Бевме земјата на чудата, сега сме чудо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top