Американски конзорциум има реални шанси за за 200 милиони фунти да стане сопственик на англискиот премиерлигаш Евертон, пренесува Би Би Си.
Групата, предводена од страна на поранешниот сопственик на бејзбол тимот Сан Диего, Џон Џеј Мур и неговиот соработник Чарлс Ное, се пред успешно завршување на неколкумесечните преговори со раководството на Евертон.
Мур и Ноел првично биле заинтересирани да го купат Свонси, но сепак на крајот се одлучиле за клубот од Ливерпул.
Моменталниот сопственик Бил Кенрајт е на чело на Евертон од 1999 година, кога за „само” 20 милиони фунти го доби премиерлигашот.
Тој неодамна изјави дека е подготвен да се откаже од Евертон доколку дојдат луѓе кои се подготвени да вложат нови средства во инвестиции, пред се во стадионот.
Евертон во моментов е на 8.место на табелата во Премиер лигата со 35 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


