Новото засилување во нападот на Челси, бразилскиот ас Алехандре Пато кој дојде како позајмен играч од Коринтианс во јануарскиот преоден рок, не е подготвен за настап.
Бразилскиот фудбалер во минатото често се повредуваше и очигледно е дека повредите оставиле белег. Наводно, врз него биле извршени прегледи кои покажале дека тој уште не може да дебитира, а причина за тоа е физичката подготвеност.
Оваа вест ги загрижи навивачите и управата на Челси, но од клубот соопштија дека немаат намера да брзаат за да не ја загрозат состојбата на фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.