| четврток, 6 декември 2018 |

Футсал лудило во Белград, Србија е полуфиналист на Европското првенство (видео)

milos simic

Српската футсал репрезентација се пласира во полуфиналето на Европското првенство што се одржува токму кај нашиот северен сосед. Србите славеа против Украина со 2-1, а победничкиот гол го постигнаа буквално во последната секунда од мечот. Стрелец беше Милош Симиќ, кој на неверојатен начин зафати волеј удар и предизвика еуфорија во „Арена“ во Белград.

Во првото полуфинале Шпанија беше повеќе од убедлива над Португалија победувајќи ја so 6-2, а во денешните два четврфинални натпревари силите ќе ги одмерат Русија со Азербејџан и Италија против Казахстан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top