| четврток, 6 декември 2018 |

Израел усвои закон за странско финансирање на невладини организации

knesetИзраелскиот парламент во прво читање го изгласа нацрт законот кој предизвика меѓународни критики, а со кој невладините организации треба да објават кои странски влади ги финансираат.

Текстот кој го поддржа владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху е критикуван зашто според неговите противници „создава клима на лов на вештерки“ против организациите коишто се противат на израелското населување на териториите коишто меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински области и на здруженијата за заштита на човековите права.

За да може да се применува, текстот на законот мора да биде изгласан уште во две читања во израелскиот парламент Кнесетот.

Министерката за правосудство Ајелет Шакед од партијата Еврејско огниште, верска националистичка партија, тврди дека ниедна владина организација специјално не е цел на овој закон.,

izraelska ministerkaМеѓутоа, невладините организации кои се сметаат за левичарски најмногу се погодени бидејќи десните организации, особено оние кои го поддржуваат населувањето, користат приватни донации на американски деловни луѓе.

Меѓу главните организации кои ќе се најдат погодени од законот се оние кои финансиски ги поддржува Европската унија меѓу кои и невладината организацијата против населувањето Мир сега, B’Tselem организацијата за заштита на човековите права на окупираните палестински територии, Breaking the Silence која собира сведоштва на војници за антипалестинското насилство.

Во нацрт законот се одредува дека невладините организации кои примаат повеќе од половината од нивните финансии од странски влади, тоа мора да го споменат во официјалните извештаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top