| четврток, 6 декември 2018 |

Данило Тирк и официјално предложен за генерален секретар на ОН

UNСловенечкиот амбасадор во ОН вчера на претседателот на Генералното собрание Могенс Лукетофт и на претседателот на Советот за безбедност Рафаел Дарио Рамирез Карен, официјално им ја поднел кандидатурата на поранешниот претседател на Словенија, Данило Тирк за нов генерален секретар на Светската организација.

Тирк, кој беше словенечки претседател од 2007 до 2012 година, е професор по меѓународно право и некогашен претставник на Словенија во ОН.

Со ова Тирк се надоврза на списокот на кандидати за наследник на сегашниот генерален секретар Бан Ки-мун, чиј мандат истекува кон крајот на годинава.

Кандидатурата на Тирк има силна поддршка од коалициската Влада на словенечкиот премиер Миро Церар и од претседателот на Словенија, Бурот Пахор, кој и го наследи на претседателската функција.

Danilo-Tirk-kandidat-Slovenije-za-prvog-coveka-UNНо, резерва кон кандидатурата на Тирк јавно изрази опозициската Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, која смета дека неговиот претседателски мандат бил „обележан со изразита политичка пристрасност во корист на левицата“, дека во „повеќе наврати пропуштил да го осуди кршењето на човековите права и злосторствата на некогашниот комунистички режим по Втората светска војна“, кои се обелоденети во 90-те години на минатиот век со откривањето на масовни гробници на територијата на Словенија од поствоениот период.

Кандидатот за иден генерален секретар на ОН, согласно процедурата ќе го избере Советот за безбедност на Светската организација, кој потоа ќе му предложи негово именување на Генералното собрание.

Се верува дека процедурата би можела да биде завршена до на есен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top