| четврток, 6 декември 2018 |

Бруклин победи со тројка во последната секунда, Џејмс за три четвртини до нов трипл-дабл (видео)

bruklin

Бруклин Нетс со тројка во последната секунда дојдоа до победа од 105-104 во дуелот со Денвер Нагетс на домашен терен. При водство од 104-102 за гостинот, останаа уште 1,4 секунди до крајот, Нетс изведоа од страна, топката дојде до Џо Џонсон кој ја прифати и во пад, преку човек погоди за победа. Претходно,, Бруклин водеше и со 16 поени разлика (46-30), но му дозволи на Денвер да се врати во игра и во финишот да влезе со минимално водство. Јанг со 20 поени и седум скока беше најдобар поединец во тимот на Нетс, додека кај Денвер прво име беше Данило Галинари со 24 поени.

Леброн Џејмс беше во главна улога при убедливата победа што Кливленд кавалирс ја забележа во пресметката со Сакраменто кингс изразена со 20 поени разлика (120-100). „Кралот“ Џејмс беше незапирлив за „кралевите“ од Сакраменто, па само три четвртини му беа доволни да стигне до трипл дабл, вкупно 40. во неговата кариера. Леброн го заврши натпреварот со 20 поени, 10 асистенции и 10 скокови, по што во последниот период воопшто не влегуваше во игра, со оглед на преубедливата предност што домаќините ја изградија. Ирвинг постигна 32 поени надополнети со 12 асистенции, додека ЏејАр Смит погоди шест тројки, завршувајќи го мечот со 22 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Чикаго 108-91, Кливленд – Сакраменто 120-100, Индијана – ЛА лејкерс 89-87, Филаделфија – ЛА клиперс 92-98 (по прод.), Бруклин – Денвер 105-104, Детроит – Торонто 89-103, Атланта – Орландо 110-117, Мемфис – Портланд 106-112 (по прод.), Минесота – Њу Орлеанс 102-116, Феникс – Оклахома сити 106-122.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top