| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со мака против Јужњи, Надал како брз воз против Матошевиќ

Новак Ѓоковиќ се врати на тениските терени откако ја санира повредата, но се намачи за победа против рускиот тенисер Михаил Јужњи.  Во првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, најдобриот тенисер на планетата победи со 4-6, 6-1, 6-4, по повеќе од 2 часа минати на теренот.

Пред него, Рафаел Надал забележа многу полесен триумф во дуелот со Австралиецот Маринко Матошевиќ. Шпанската „фурија“ во свој стил, експресно ја мина првата пречка со победа од 6-1,6-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top