Деведесет и двегодишниот Р.А. заработил тешки повреди откако бил удрен од автомобил „fорд мондео“ пред два дена на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово.
Несреќата, информираат од СВР Тетово, се случила околу 13 часот кога 38-годишниот Х.Ш. од Селце удрил со автомобилот во 92-годишниот тетовец Р.А.
-Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди и со истото возило бил пренесен во тетовската клиничка болница. По укажаната помош, пуштен е на домашно лекување – информираат до СВР Тетово.
На местото на несреќата e извршен увид од страна на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.