Новиот современ електромоторен воз денес почна да сообраќа на македонските шини.
Возот почна да сообраќа на релација Скопје – Велес и обратно, а се планира истиот да сообраќа до сите останати релации што се наоѓаат по должина на коридорот 10, односно до Гевгелија.
До крајот на месецов се очекува да пристигне уште еден ист ваков воз со електричен мотор, а до крајот на годинава ќе пристигнат уште четири возови што ќе бидат управувани од дизел машини.
Новиот воз е со капацитет од 200 седишта, но може да прими и до 300 патници. Утрово новиот воз се упати од Скопје до Велес, а попладнево се врати повторно на железничката станица во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.