| четврток, 6 декември 2018 |

Андрија Милошевиќ го смени личниот опис (фото)

Андрија Милошевиќ кој го воодушеви регионот со хит серијата „Андрија и Анѓелка“ , успеа последниве неколку месеци со колешката Анѓелка да насмее милиони гледачи. Да биде забавен и духовит не е едноставна работа,а Андрија тоа со леснотија го прави. Не е за чудење што понудите за работа пристигаат од сите страни дури.

andrija-milosevic-foto-damir-dervisagic-1448061013-788635

Актерот моментално престојува во Џенова, од каде на Фејсбук споделил интересна  фотографија. Андрија е тешко да го познаете бидејќи за потребите на најновата улога тој целосно го сменил личниот опис.

Милошевиќ ќе глуми во серија под име „Трилогиа  70“, која почнала да се снима во 2013 година, а ја следи приказната а низа терористички напади и протести во три италијански града – Милано, Торино и Џенова.

Андрија им се пожалил а обожавателите дека ниту родена мајка не  го познала во ова издание.

Screenshot_20

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top