Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц истакнува дека Европската унија во бегалската криза не смее да ги остави сами државите од Западен Балкан, особено Србија и Македонија.
– Цел на посетата е и понатаму да се градат нашите одлични односи со целиот регион – изјави Курц за „Танјуг“.
– За таа цел заедно со нашите партнери во секоја држава одделно, изградивме акциски план кој ќе биде основа за соработка со оваа година. Акциските планови се амбициозни и ги покриваат сите важни теми – од поддршка во процесот на пристапување во ЕУ до мерки во областа на миграцијата. Овој пат ќе ги посетам сите шест држави од регионот – изјави тој.
Курц вели дека на Балканот патува со јасна порака – Австрија била и останува силен партнер на сите држави во регионот и понатаму ќе се залага и на ниво на ЕУ за тој дел од светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



