| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган до Вашингтон: Изберете кој ви е партнер

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја критикуваше посетата на американски официјален претставник на северносирискиот град Кобане, кој е под контрола на локалните курдски сили, порачувајќи му на Вашингтон да избере кој ќе биде негов партнер – Турција или партијата на сириските Курди, Демократската унија.

ердоган

Турција ја обвинува Демократската унија за поврзаност со Курдската работничка партија (ПКК) и ја смета за терористичка организација.

– Како да ви веруваме? Дали сме ние ваш партнер или терористите во Кобане? – изјави Ердоган.

Турскиот претседател реагираше на посетата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама, Брет Мекгурк на Кобане, од каде што минатата година силите на Демократската унија, помогнати со воздушните напади на меѓународната коалиција, успеаја да ги потиснат борците на групата Исламска држава (ИД).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top