Бредли Купер, некогашниот најсексапилен маж на светот, го поврзуваа со многу згодни девојки, како Зое Салдана, Рене Зелвегер, Џенифер Лопез, а сега и со 18 години помладата манекенка Суки Ватерхаус.
Сепак, жената за која тој поминува најмногу од своето време овие денови е неговата мајка. Триесет и осумгодишниот актер по смртта на татко му се врати да живее заедно со својата мајка Глорија. Во интервју за американскиот магазин „Дитеилс“ (Details) тој открива колку оваа нова промена на адресата влијае врз неговата работа и воопшто врз неговиот приватен живот.
– Најдобариот одговор на ова прашање е дека ние – преживувавме. И двајцата. Но, тоа е животот и токму сега, две години по смртта на татко ми, ова е нашата реалност. Моето семејство е многу блиско, а смртта на татко ми сите ја прифативме тешко. Тоа беше раскол, а шокот сѐ уште е тука, па ние си требаме еден на друг – открива Бредли во искреното интервју.
Таа е навистина многу кул жена. Ние можеме заедно да се дружиме , а таа отсекогаш знаела да се исправи после ударот. Ако тоа не беше така, сигурен сум дека немаше шанси да опстоиме толку време под ист покрив, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



