Арсенал ја надмина мини-кризата и „постот“ од два меча без постигнат погодок, па „топчиите“ на денешниот натпревар се вратија на победнички патеки триумфирајќи со 0-2 на гостувањето против Бурнемаут.
Избраниците на Арсен Венгер целата работа ја завршија во период од две минути, поточно во 23. и во 24. минута, кога најпрвин Озил, а потоа и Окслејд Чембрлен го совладаа домашниот голман и уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот.
Арсенал со овој триумф сега има 48 бода, исто колку и Тотенхем, пет помалку од лидерот Лестер. „Топчиите“ најсериозниот тест за титулата ќе го имаат веќе следниот викенд, кога пред своите гледачи ќе го дочекаат Лстер во обид да ја намалат предноста на моментно првопласираниот тим на табелата.
0-2 All Goals – Bournemouth vs Arsenal 07.02… by sport-24hd
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)