| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен интернет во цел Илинден

Со воведување на „wi-fi“ зона во Домот на култура „Ајватовци“, општина Илинден комплетно го реализираше проектот за воспоставување на 12 „wi-fi“ зони со слободен пристап на безжичен интернет во сите населени места

wi-fi zoni

Зоните со безжична мрежа (вај-фај), на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет, се лоцирани во новoизградените и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект „Десет домови на културата“.

Со реализацијата на овој проект, жителите на општина Илинден сега имаат квалитетен пристап до повеќе информации, како и комуникација со локалната власт, при што по електронски пат може да се информираат за тековните активности на Општината, но и можност преку страницата „Е Општина-пријави проблем“ да ги пријават проблемите со кои се судираат во секојдневното живеење.

Зоните со безжична мрежа се од голема корист и за учениците, пред сѐ поради можноста за електронско учење, како и за месните заедници и за граѓанските здруженија.

Бесплатен интернет граѓаните ќе може да користат во зоните  за слободен пристап на безжичен интернет во домовите на култура „Илинден“, „Кадино“, „Мралино“, „Текија“, „Дељадровци“, „Бујковци“, „Мршевци“, „Бучинци“, „Бунарџик“, „Ајватовци“, Канцеларијата за односи со јавноста во Миладиновци и Образовниот спортски центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top