Комичарот Бен Стилер на синоќешната премиера на „Зулендер 2“ во Лондон направи селфи со кое влезе во Гинисовата книга на рекорди. Тој го донесе најдолгиот селфи стик на светот и направи историска фотографија.
Со должина од 8,56 метри бил доволен за да ја фати во кадар целата екипа од филмот, како и околината, а Стилер имаше мали проблеми да ја смири раката и да направи фотографија. Се разбира, колегите Овен Вилсон и Пенелопе Круз беа тука да му помогнат.
-Едни од животните соништа ми беа да се најдам на насловната на Вог и да соборам Гинисов рекорд со селфи стик – изјави Стилер.
Официјалниот претставник на Гинисовата книга на рекорди потврди дека Стилер ја исполнил желбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.