| четврток, 6 декември 2018 |

Бен Стилер направи Селфи за во Гинис (фото)

stiler1Комичарот Бен Стилер на синоќешната премиера на „Зулендер 2“ во Лондон направи селфи со кое влезе во Гинисовата книга на рекорди. Тој го донесе најдолгиот селфи стик на светот и направи историска фотографија.

Со должина од 8,56 метри бил доволен за да ја фати во кадар целата екипа од филмот, како и околината, а Стилер имаше мали проблеми да ја смири раката и да направи фотографија. Се разбира, колегите Овен Вилсон и Пенелопе Круз беа тука да му помогнат.

stiler2-Едни од животните соништа ми беа да се најдам на насловната на Вог и да соборам Гинисов рекорд со селфи стик – изјави Стилер.

Официјалниот претставник на Гинисовата книга на рекорди потврди дека Стилер ја исполнил желбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top