Три вооружени лица влегле во хотел во престолнината на Ирска облечени во полициски униформи, а според првите наводи едно лице загинало. Уште две лица биле повредени и со прострелни рани биле префрлени во болница.
Според изјавите на сведоците, напаѓачите носеле калашникови.
Во паниката, десет лица бегале од хотелот.
Како што се наведува нападнат бил “Риџенси” хотелот во кој требало да се одржи бокс меч. Полицијата, пожарната брига и Итна помош се наоѓаат на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.