Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска најави дека ќе биде обновен уникатниот отворен амфитеатар во локалитетот Скупи со 9.000 седишта. На видеото е прикажано како ќе изгледа новиот амфитеатар.
-Амфитеатарот е еден од најзначајните објекти од римскиот период во Македонија и еден од најголемите на Балканот и пошироко. Во рамките на Скупи, прогласен за споменик на културата од прва категорија, вршени се археолошки истражувања, а минативе две години првите систематски археолошки испитувања. Според некои процени на научните работници се смета дека амфитеатарот може да прими 8.000 до 10.000 гледачи – истакна Груевски.
Видеото е преземено од „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)