| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер прогласен за мртов

Италијанскиот актер Рафаел Шумахер,кој случајно се обесил за време на театарската изведба на сценана линчување е прогласен за клинички мртов.

20160205134047_352036

Шумахер паднал во кома откако  сцената со бесење во театарска претстава   тргнала на лошо што резултирало со давење.

Рафаел Шумахер (27) глумел во претстава под име „Мираж“ (Фатаморгана) во Театарот Лукс во Пиза кога еден од гледачите забележал дека нешто не е во ред.

Лекарите го прогласија за клинички мртов актерот кој е во кома од 30 јануари.

Отворена е истрага за мерки за безбедност  и заштита во театарот, јавува Би Би Си.

Состојбата на Шумахер стануваше се полошо од 21 јануари. Тој не реагирал на терапија и лекарите заклучиле дека се здобил со тешко и неповратно оштетување на мозокот.

По шестчасовната процедура со која се утврди клиничка смрт, болницата издаде соопштение во кој наведува дека семејството и обвинителството дале дозвола неговите органи да се донираат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top