Мирјана Антоновиќ, која тврди дека со Мирослав Илиќ го има синот Девин(30), кој не сака да го признае, изнесе нови шокантни обвинувања на сметка на пејачот.
Мирјана на Фејсбук објави порака која, како што тврди, ја добила од заеднички пријатели упатени во семејните прилики на Илиќ.
-Мирослав веќе не се дружи со луѓе, единствена поддршка му пружа неговото семејство, но и тие јасно му дале до знаење дека ако се види со Девин, или ако го прифати како син, ќе се одречат од него – објавила Мирјана.
Во еден од статусите на Антоновиќ објавила дека е принудена да ја сокрие листата на пријатели на социјалната мрежа, бидејќи на нејзините пријатели, наводно им се закануваат.
– Драги мои, за жал, морам да сокријам кој се ми е пријател на Фејсбук. Некои наши заеднички пријатели, кои сакаат да одржуваат контакт со мене, добиле укор и грди закани од личност, која мислам дека не треба да ја именувам. Историјата изгледа не се менува!Ужас- напишала Антоновиќ и појаснила дека не се заканувале нејзините пријатели, туку „непријатели кои се кријат под лажни профили на социјалните мрежи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.