Ниту компанијата може да работи без претходно да го добие тендерот, ниту може некој да му помогне на некој, согласно Законот, да добие некоја јавна набавка, истакна во емисијата „Радио Полиграф“ министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Таа појасни дека Законот за јавни набавки е точно прецизиран и јасен и оти Законот е испочитуван од ресорното министерство, не само за овој проект, туку и за сите проекти во програмата на министерството.
Сите овие обвинувања од страна на Специјалното Обвинителство, одговорно ги отфрлам во целост, посочи Канческа-Милевска, додавајќи дека Прес-конфенцијата на СЈО е класичен пример на политичко дејствување и работење на Специјалното Јавно Обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.