Дерик Роуз вечерва беше ослободен од обвинението за силување откако поротата во судот во Лос Анџелес оцени дека НБА ѕвездата и неговите двајца пријатели не извршиле престап, отфрлајќи ги тврдењата на жената која бараше 21,5 милиони долари како отшета во случајот. Адвокатите на Роуз од самиот почеток тврдеа дека станува збор за сценарио со обид да се извлечат пари од богатиот кошаркар, за денеска да биде пресудено дека тој не е виновен.
– Благодарен сум што поротата ја увиде вистината и ги прифати моите аргументи. Целото искуство е болно за мене, сензитивноста на случајот беше многу длабока за моите блиски, но подготвен сум да оставам се зад себе и да се фокусирам на семејството и на кариерата – изјави Роуз, кој летово се пресели од Чикаго булс во редовите на Њујорк никс.
Мора да се истакне дека ова беше цивилна тужба, а целиот случај се уште не е финиширан бидејќи полицијата се уште води криминален случај што не е затворен и за кој не е донесена одлука дали воопшто ќе се оди на кривичен суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.