Од продуцентите на филмовите „Повикување на злото“ и „Анабел“ во нашите кина пристигнува римејкот на најголемиот француски хорор филм на сите времиња, „Маченици“. Филмот премиерно ќе биде прикажен во „Синаплекс“ на 3 март.
„Маченици“ е шокантен и брутален филм за една девојка која им се одмаздува на своите грабнувачи кои садистички се изживувале над неа.
Филмот на самиот почеток нè вовлекува во светот на измачената Луси, девојката која, по нејзиното грабнување, била подложена една година на страшно измачување и изолација. Длабоко потресена од сето она што ѝ се случило, таа се бори со ужасните кошмари. Сместена е во сиропиталиште и нејзина единствена утеха е Ана, девојка на нејзини години. По десетина години, Луси и понатаму се бори со демоните од своето минато и успева да го најде семејството кое ја заробило и ја измачувало, и решава да им врати со иста мера.
Сценариото што е преполно со екстремно насилство го потпишуваат режисерот на првиот филм „Маченички“ – Паскал Ложје и сценаристот на филмот „Повратник“ – Марк Л. Смит. Во главните улоги играат Тројан Белисарио и Бејли Нобл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)