Македонскиот стратег Октај Махмути со тимот на Дарушафака стави крај на серијата од три победи на Црвена звезда во Топ 16 фазата од Евролигата, триумфирајќи над шампионот на АБА-лигата со 79-76. Дарушафака влезе во овој меч со скор од пет порази и ниту еден триумф, но Махмути сепак успеа да ги мотивира своите избраници да одиграат квалитетно и да ги запрат налетите на белградските „црвено-бели“.
Натпреварот беше решен со одличната одбрана на турскиот тим во финишот од натпреварот, па така Црвена звезда по поените на Цирбес за водство од 74-76, во преостанатите четири минути и 20 секунди не постигна ниту еден поен, овозможувајќи им на домаќините пресврт и конечен триумф.
Семих Ерден со 14 поени беше најефикасен кај Дарушафака на овој натпревар, кај Црвена звезда најдобар беше Кинзи со 16 поени, додека потфрлија Цирбес и Милер со осум, односно пет постигнати поени.
Панатенаикос оствари неочекувано убедлива победа на гостувањето во Загреб против екипата на Цедевита со 78-60. Очајниот напад на вториот тим од АБА лигата кој се натпреварува во Евролигата беше клучен за победата на гостите. И одбраната не беше на нивото на хрватскиот тим не успевајќи да го спечи спрскиот центар во редовите на „детелините“ Мирослав Радуљица кој постигна 21 поен надополнети со по три скока и асистенции.
На останатите два натпревари одиграни вчера, Бросе Баскет оставари значајна победа на домашен терен против Барселона од 74-70 додека Уникаха потклекна пред своите навивачи од силниот руски состав на Локомотив Кубан и загуби убедливо со 64-82.
Вечерва се играат останатите четири натпревари од Топ16 фазата по групи, а се среќаваат:
Жалгирис – ЦСКА Моксва, Анадолу Ефес – Фенербахче, Олимпијакос – Химки, Реал Мадрид – Лаборал Куча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.