| четврток, 6 декември 2018 |

Брајант лидер на Лејкерс за нова победа, Хјустон славеше на гостувањето кај Феникс

hjuston

Ветеранот Коби Брајант е најзаслужен за победата на Лејкерси на гостувањето против Њу Ореланс. Коби постигна 27 поени, дополнети и со 12 скока во триумфот од 96-99. Кај Лејкерси, 18 поени постигна Кларксон, додека во поразениот тим не помогна ниту извонредната партија на Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 39 поени и 11 скока.

Хјустон славеше против Феникс со 111-105 во еден од најинтересните синоќешни дуели во НБА лигата.
Хјустон до триумфот стигна благодарение на квалитетните последни две четвртини, и покрај тоа што Феникс добро го почна дуелот. Санси, не издржаа на крајот, и го запишаа шестиот пораз во низа, а имаат девет порази во последните 10 меча.
Кај Хјустон најдобар беше Бривер со 24 поени, а Ариза дополни со 22 поени. Харден дуелот го заврши со 17 поени, девет скока и шест асистенции. Во поразениот тим, Гудвин беше најдобар со 22 поени и седум асистеции, а Телетовиќ имаше 15 поени и четири скока.

НБА Резултати: Детроит – Њујорк 111-105, Феникс – Хјустон 105-111, Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 96-99, Портланд – Торонто 103-110

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top