Плејбој зајачицата и „кралицата на Снепчет“ моделот Кети Меј почина во четврток по тежок мозочен удар.
Кејт била итно донесена во болница во понеделникот кога ја погодил тежок мозочен удар. Состојбата од тогаш и беше критична, па беше приклучена на апарати кои ја одржувале во живот.
Таа само неколку дена претходно побарала помош од лекарите поради болки во вратот кои едвај ги поднесувала. Лекарите дури подоцна сфатиле дека таа болка била предизвикана поради блокада на каротидна артерија која е лоцирана во вратот и го снбдува со крв мозокот.
Почина на 34 години опкружена со членовите на семејството, а зад себе ја остави седумгодишната ќерка Миа.
Инаку Кети беше модел но и еден вид „феномени на социјалните мрежи“ како што многумина медиуми ја нарекуваа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.