„Село со 940 жители ита кон шампионската титула во Македонија“ ова е насловот на текстот што го објави хрватскиот портал „24sata“. Се разбира, тоа се однесува на Хоризонт Турново, кој е лидер во домашното фудбалско првенство со 47 бода, исто колку и Металург, кој е на втората позиција, со послаба гол-разлика, а на третото место е Вардар со еден бод помалку.
До крајот на сезоната има да се одиграат уште шест кола, а доколку Турново го освои насловот, секако дека ќе биде за нив најголемиот успех во 63-годишната клупска историја.
До крајот на сезоната Хоризонт Турново на домашен терен игра со Металург, додека во последното коло му гостува на Вардар.
– Овој тим игра на стадионот „Кукуш“ кој има капацитет од 1.500 места, а доколку одлучат сите жители да бидат таму на дербито против Металург, со оглед на малиот број жители, тогаш ќе останат уште 558 слободни столчиња – пишува, меѓудругото, овој хрватски портал.
Извор: Курир.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“