Македонската ракометна репрезентација ќе има незгоден распоред на натпреварите на претстојниот предолимписки турнир, што ќе се одржи во Гдањск во периодот од 8 до 10 април.
Ракометната Федерација на Македонија обелодени дека веднаш по дознавањето на земјата-домаќин, бил објавен и целосниот распоред на натпревари на овој турнир, кој воопшто не му е наклонет на нашиот национален тим.
Имено, во првиот меч закажан за 8 април „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите со селекцијата на Полска, за неполни 24 часа подоцна, на 9 април да се сретнат и со Тунис, дуел што според прогнозите би требало да биде решавачки за второто место и пласманот во Рио. Нешто полесна задача, барем на хартија, нашите ракометари би требале да имаат во последното коло, кога за ривал ќе го имаат составот на Чиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.