Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов заработи кривична пријава за тепачка, откако пред две ноќи беше нападнат на булеварот „Партизански одреди“, додека беше во друштво на колегата Дејан Манасков и фудбалерот Никола Трипуновски.
МВР денеска во официјалниот билтен објави детали за тепачката, според кој на Стоилов му е издаден записник за констатиран прекршок.
Според членот 11 (тепачка) од ЗППЈРМ глобата за ова дело изнесува од 300 до 500 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.