| четврток, 6 декември 2018 |

Роби Телекабел претепал сопственик на кафуле во Штип

Роберт Димитров, сопственикот на кабелскиот оператор Телекабел и на телевизијата 24 Вести, ноќеска во дискотеката „Клик“ во Штип го нападнал и претепал сопственикот на кафулето „Илужан“, Ацо Панов, а притоа, во нападот му се придружиле сите од неговото друштво, вклучувајќи го и борачот Жарко Коцев, кој пред една седмица  излегол од затвор, објави во неделата порталот ММС.МК., а пренесе Нетпрес.

Ацо Панов, како што е објавено на порталот, во моментов е хоспитализиран на Хируршкото одделение во Клиничката болница во Штип. Ова го потврдиле од болницата, од каде се обиени информации дека по примемот на Панов, кој имал повреди на главата, интервенирал неврохирург и е задржан на натамошно лекување.

„Во моментот од страна на полицијата и надлежен обвинител се сослушуваат учесниците. Со информации од кривично – правниот настан ќе излеземе утре“, изјавила Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.

Повредениот Ацо Панов во телефонски разговор, рекол дека има повреда на главата, на градникот кош, р`бетот, лицетото и рацете. Објаснил како дошло до инцидентот.

„Седев со друштвото во дискотеката ‘Клик’, кога одеднаш Роберт Димитров без никаква причина ме нападна, земајќи го шишето од масата и ударајќи ме по главата. Оттука му се приклучија од неговото друштво, коишто беа со него, поранешниот затвореник Жарко Коцев, неговото обезбедување и некои негови другари, кои беа таму со него. Ме нападнаа и фрла со чаши, со шишиња, со се’ што имаше по масата“, изјавил Панов.

Прашан за мотивитите за нападот, Панов претпоставува дека е лична нетрпеливост, по инцидентот што пред еден месец го имал со момчето на внуката на Роберт Димитров. Расправијата во кафичот на Панов, продолжила на улица, кога дошло и до физичка пресметка. На случајот работеа од полицијата и Обинителството.

По овој случај, како што дознаваме, Димитров му се заканувал на Панов по телефон. Ова на Роберт Димитров не му е прв случај на крвава тепачка, потсетува ММС.МК. Во 2012 година го претепал синот на поранешниот сопственик на компанијата „Брилијант“ Мите Николов, Мишко и еден негов другар, кои завршија со тешки повреди по главата и лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top